Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Бразил, Андерсон би можел да заврши во затвор, пренесуваат англиските медуми.
Причината е затоа што Бразилецот должи повеќе од 50.000 евра за алиментација која не ја плаќал редовно. Па, му се заканува затвор во траење од 30 дена, од полуотворен тип.
Андерсон до 2015 година имаше четири деца, а англиските медиуми тврдат дека сега ги има дури девет.
Ова не е прв пат поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ да има проблеми со законото. Пред три години беше под истрага за перење пари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА