Поранешната девојка на Роналдо не сака да заработи на негова сметка: „Ми нудеа многу пари…“

Британската актерка Гема Аткинсон откри дека низ годините и нудели „многу пари“ за во јавност да открива детали од љубовната врска со Кристијано Роналдо.

Овие двајца имаа кратка љубовна врска во 2007 година додека Португалецот настапуваше за Манчестер Јунајтед, а таа беше ѕвезда во Англија со улогата во серијата „Hollyoaks“.

„Откако ја прекинавме врската ми нудеа многу пари да говорам за него. Не го сакав тоа“, изјави Аткинсон која денеска е мажена за Горк Маркез со кој има две деца.

Се вчитува...