Андреа Лекиќ, репрезентативката на Србија и екс ракометарка на Вардар, се одлучи да стави крај на својата блескава кариера. Лекиќ ќе се пензионира од ракометот на крајот на актуелната сезона.
Лекиќ ја објави оваа вест со видео порака на својот профил на Инстаграм, со крајно емотивен говор и благодарност до сите нејзини соиграчи, тренери, навивачи…
Лекиќ е реодена во 1987 година во Белград, а ракомет почна да тренира на девет години. Играше во Раднички, а потоа и во Кнежевац. Од таму се сели во Крим Љубљана каде што играше од 2008 до 2011. Следуваа сезони во најдобрите европски клубови како Ѓер, Вардар, ЦСМ Букурешт и Будуќност, пред да се врати во Крим, а сега игра во Ференцварош, каде што ги мина последните две години од кариерата.
Во Вардар беше пет сезони, од 2013 до 2018 година со кого освои пет титули и пет Куп титули. Играше двапати во финалето во Лигата на шампионите во 2017 и 2018 година, и плус уште трипати се пласираше во Ф4, освојувајќи го третото место.
За репрезентацијата на Србија одигра 140 натпревари и беше дел од репрезентацијата која во 2013 година во Белград го освои сребрениот медал.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА