Ракометарката на Крим Јованка Радичевиќ денеска стана најдобриот стрелец во женската Лига на шампиони во историјата. Поранешната Вардарка денеска дојде до бројката 1071 гол, и ја надмина легендата на Унгарија, Анита Горбиц која го држеше досегашниот рекорд.
Радичевиќ својот рекорд го постигна во 37 минута од мечот, со тоа постигнувајќи го четвртиот погодок во мечот. Црногорката веќе 19 години игра во Лигата на шампионите.
Токму Радичевиќ и Горбиц се единствените со над 1000 голови во Лигата на шампионите.
Радичевиќ дел од овој рекорд го постигна играјќи и за Вардар во периодот од 2013 до 2018 година, кога двапати играше и во финалето на ЛШ. Таа има титула во ЛШ во 2013 година пред да дојде во дресот на „црвено-црните“.
Радичевиќ оваа година се откажа од настапите на репрезентацијата и тоа со бронзен медал од Европското првенство, на кое домаќин беше и Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА