Поранешни и актуелни македонски репрезентативци се простуваат со Марио Ѓурчиновски – „Вечна ти слава“

Македонскиот фудбал денеска остана без Марио Ѓурчиновски кој почина на 47-годишна возраст. Ѓурчиновски во последните денови од својот живот ја извршуваше функцијата координатор за едукација на тренери во ФФМ.

Голем дел од сегашните и поранешни репрезентативци се простија со чоекот кој 20 години беше дел од националните тимови. Тој беше технички директор на македонската репрезентација на Европското првенство 2020 година.

„Вчера се договаравме на свадба да ми дојдеш, а сега те нема. Срцето ми го искорна, никогаш нема да те заборавам. Вечна ти слава“, напиша Илчо Наумовски. 

 

 

 

Се вчитува...