Поранешни НБА играчи во ринг ги вкрстија ракавиците, мечот заврши со експресен нокаут (ВИДЕО)

Поранешните НБА играчи, Мајкл Бизли и Делонте Вест влегоа во рингот во боксерски меч без ограничување на тежината и дуелот заврши експресно за 62 секунди.

За време на манифестацијата „Брандриск 16“ која се одржа во Мајами, Бизли го нокаутира Вест.

Разликата во висина и тежина е на страната на Бизли кој е висок 208 сантиметри, дури 17 сантиметри повеќе од Вест, што е голема предност во боксот а разликата во распонот на рацете беше 19 сантиметри во корист на повисокиот Бизли.

Ова не е првпат Бизли да боксува, тој пред неколку месеци, исто така во боксерски меч против поранешен НБА играч, Ленс Стивенсон, победи со нокаут.

 

 

 

Се вчитува...