Поранешниот ас на Ливерпул ја заврши кариерата

Рајан Бабел, поранешниот фудбалер на Ливерпул и член на холандската репрезентација стави крај на блескавата кариера на 37-годишна возраст.

Бабел кој беше дел од репрезентацијата на Холандија на Светските првенства во 2006 и 2010 година на клупско ниво меѓу останатите настапуваше и за Ајакс, Фулам и Галатасарај, а последниот настап го имаше во дресот на турски Ејупспор.

„Далеку стигнав во мојата кариера. Од моите почетоци во Ајакс, до играње за некои од најголемите клубови во Европа. Фала му на фудбалот, тоа беше едно незаборавно патување. Направив и повеќе од тоа што сонував“, напиша Бабел.

Се вчитува...