Поранешниот ас на Реал испрати порака до Сака: Дечко не летај во облаци, ти не си светска класа

Поранешниот ас на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт кој настапуваше за славниот шпански клуб од 2008 до 2010 година закитувајќи се со Суперкупот на Шпанија испрати критка кон напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака.

Холанаѓнецот го критикуваше Англичанецот за обидот за паненка при изведувањето на пенал во 13. минута од средбата, пенал кој беше лошо изеден па и лесно одбранет од Тибо Куртоа.

„Сака се прецени себе си кога го изведуваше пеналот. „Погледнете ме, сега ќе го украдам шоуто“. Не дечко, ти си обичен играч. Мораш напордно да работиш секој ден и тоа што го направи е срамота. Мисли дека припаѓа во светската класа, но не е така“, изјави Ван дер Варт.

Се вчитува...