Поранешниот бразилски репрезентативец Паулињо денеска објави дека ја завршува својата богата фудбалска кариера на 36-годишна возраст.
Паулињо имаше и успешна кариера во Европа каде меѓу другите настапуваше и за Барселона и за Тотенхен, за последните години да ги мине во татковината, како член на Коринтијанс.
„Оставам зад себе големо наследство. На последниот меч со Коринтијанс, со 45.000 навивачи на трибините, чувствував дека тоа е вистинскиот момент да кажам збогум“, објави Паулињо.
Тој одигра вкупно 210 натпревари и постигна 40 гола за Коринтијанс, клуб со кој го освои Копа Либертадорес во 2012 година, а истата година се закити и со трофејот на клупското светско првенство пред да ја почне својата авантура во Европа.
Паулињо одигра и 58 натпревари за бразилската репрезентација, при што успеа да постигне 13 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

