Гершон Јабуселе, францускиот репрезентативец кој со успех настапуваше во Евролигата, освојувајќи шампионска титула со Реал Мадрид од летото е дел од Њујорк Никс со кој потпиша двогодишен договор вреден 12 милиони евра.
Крилниот кошаркар не ги исполни очекувањата на Њурјок Никс па сега се наоѓа на излезните врати од клубот. Според американските медиуми оваа франшиза што поскоро сака да се откаже од неговите услуги со цел пренасочување на неговата голема заработка кон ангажман на бек кој ќе биде замена за Брансон.
Засега не постои заинтересиран тим за ангажман на Јабуселе во НБА лигата па доколку дојде до отпуштање нема да биде изненадување доколку се врати назад во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

