Ракометната екипа на Пролетер од Зрењанин, најави дека ќе го одигра својот последен натпревар во историјата, откако не успеа да ги реши финансиските проблеми со кои се соочува.
Претседателот на клубот и одборот на директори поднесоа оставки, а сега клубот издаде соопштение во кое наведува дека ќе го игра својот последен натпревар во сабота.
„Со оглед на тоа што претседателот Милан Грубанов и неговиот одбор на директори поднесоа неотповикливи оставки на последното собрание на клубот, должни сме да објавиме дека клубот во моментов нема раководство и дека благодарение на тренерите и играчите продолжува да игра натпревари во Супер лигата на Србија. Оваа состојба е неодржлива и нема помош од ниедна страна за нормално функционирање на клубот . Ја информираме јавноста дека РК Пролетер ќе го игра својот последен натпревар против Шамот од Аранѓеловац во сабота и може да го напушти натпреварувањето. Градоначалникот беше информиран за состојбата во клубот, но нема повратни информации или реакции “, се вели во соопштението на клубот.
Сегашниот тренер на Пролетер, Драган Кукиќ кој беше дел од „златната генерација“ која играше во финалето на Лигата на шампионите во 1991 година, ги изнесе сите проблеми со кои се соочува клубот.
„Најдобрите денови од кариерата ги поминав тука, денеска стојам цврсто тука, и нсе откажувам. Но, без финансиска поддршка е многу тешко. Не станува збор само за плати, туку и за постоењето на клубот“, вели тој.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

