Поранешниот француски репрезентативец размислува да го остави фудбалот на 31 година

Поранешниот француски репрезентативец и член на Барселона Самуел Умтити, размислува да се откаже од играњето на фудбал на 31 годишна возраст.

Умтити во моментов е без клуб, и ако така остане уште неколку дена, тогаш и дефинитивно ќе му каже „збогум“ на играњето на фудбал и ќе се посвети на нешто друго.

Стоперот кој беше купен од Барселона во 2016 година од Лион, и најавуван како еден од најдобрите стопери во тоа време, не ги исполни очекувањата. Како одминуваше времето, беше се подалеку од својата врвна форма, па Барселона едно време не можеше да се ослободи од него.

Во сезоната 2022-23 мина на позајмица во Лил, а потоа во 2024 година потпиша за Лил, каде мина една сезона, но со мал број натпревари. Сега е слободен агент и во потрага по клуб, а за него нема некој голем интерес.

Умтити за Франција одигра 31 натпревар во период од 2016 до 2019 година, кога беше неговиот последен настап за селекцијата на „триколорите“.

Се вчитува...