Поранешниот фудбалер на Вардар ново засилување на Слован Братислава

Тигран Барсегјан, поранешниот фудбалер на Вардар, својата кариера ќе ја продолжи во словачкиот шампионат, во тимот на првакот Слован Братислава. Ерменецот кој настапуваше за „црвено-црните“ две сезони, од Астана се реши да потпише за Слован, иако имаше понуда и од шпанска Ла Лига.

„Многу сум среќен што ќе играм за овој клуб. Ова е голем клуб, одлична приказна, тимот е три пати по ред првак. Овој трансфер е добар за да напредувам во иднина. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата од фановите. Сакам да освојувам многу титули со овој тим“, рече Барсегјан.

Барсегјан дојде во Вардар во 2016 година. Беше дел од тимот до 2018 година кога замина во Кајзар, а потоа замина во Астана. Беше дел од „црвено-црните“ во најголемите успеси и учеството во Лигата на Европа. Токму Барсегјан беше еден од заслужните, со голот против Фенербахче во Скопје, со кој Вардар дојде до водство во 2017 година.

Се вчитува...