Мартин Богатинов, некогашниот голман на македонската репрезентација за која собра вкупно 18 настапи, стави крј на својата кариера на 39 годишна возраст.
Богатинов се реши да се пензионира како член на Етникос Ахна, каде бранеше во последните 10 години. Тој ќе остане да живее на Кипар, со оглед дека неговата сопруга е од таму.
„Дојде моментот кој ниту еден фудбалер неможе да го избегне, после 22 години професионална фудбалска кариера дојде време за крај, крај на една убава приказна која што започна во моето родно Кратово во мојот матичен клуб Силекс, следуваше Брегалница Делчево, Вардар, Цементарница, Локомотива, Тетекс, Работнички, мојот прв интернационален трансфер Карпати Лвив (Украина), Стеауа Букурешт, Ермис(Кипар), и на крај заврши во Етникос Ахна(Кипар) приказна проследена со многу убави моменти и помалку лоши, со гордост го носев националниот дрес, сон на секој фудбалер. Голема благодарност до сите тренери со кои соработував, благодарност до сите мои колеги со кои настапував сите овие години, до сите спортски работници до сите спортски новинари најголема благодарност до мојата фамилија која што беше со мене сите овие години и беа мојата најголема подршка,фудбалот ми даде многу работи во животот но време е за ново поглавје. Се гледаме наскоро надвор од теренот“, напиша Богатинов на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

