Поранешниот голман на Словенија уапсен поради криумчарење мигранти

Словенечките медиуми објавија дека денеска во близина на Славонски Брод е уапсен поранешниот репрезентативец на Словенија, Дејан Немец поради криумчарење на мигранти од Кина, кои претходно со чамци преку реката Сава во БИХ, илегално влегле во Хрватска.

Немец е поранешен голман на Мура, Бриж, Домжале, а беше со Словенија и на ЕП 2000 и на СП 2002 година. Тој завршил во истражен затвор со уште четири лица.

„Во близината на автопатот А3 извршена е контрола на два автомобили со словенечки регистарски таблици. Со едниот автомобил управувал 70-годишен државјанин на БИХ, а со другиот 46-годишен државјанин на Словенија. Во внатрешноста на автомобилите се пронајдени девет лица, во едниот четири, во другиот пет лица. Во близина уапсени се и три лица, државјани на Република Хрватска, како и државјанин на Србија кој се доведуваат во врска со казненото дело“, се вели во соопштението на МВР на Хрватска.

Се вчитува...