Поранешниот играч на Работнички се сели во Германија, „романтичарите“ ќе заработат 300.000 евра

Сегашниот играч на Хајдук, и екс фудбалер на Работнички Емир Сахити, заминува во германски Хамбургер. Во петок тој треба да ги мине лекарските прегледи, и да потпише договор со славниот германски клуб, некогашен европски првак.

Германците за Сахити ќе платат оштета од 1,5 милиони евра, но дел од парите заминуваат и на сметката на Работнички. „Романтичарите“ ќе добијат 300.000 евра, со оглед на клаузулата во договорот на Хајдук, за 20% од следната продажба.

Сахити дојде во Хајдук пред 6,5 години од Работнички прво на позајмица, а шест месеци подоцна потпиша перманентен договор. Дебитираше за Хајдук 2019 година, а собра 121 настапи и 18 голови. Беше 1,5 години на позајмица и во Шибеник.

Се вчитува...