Поранешниот играч на Вардар пред голем трансфер во шпанска Ла Лига

Поранешниот играч на Вардар, ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан, би можел во иднина да настапува во шпанската Ла Лига во тимот на Еспањол, јавуваат казахстанските медиуми.

Барсегјан во моментов игра во Астана и е во добра форма, па така шпанскиот тим се интересира за неговите услуги и би можел да го земе во јануари и тоа како слободен играч со оглед дека во декември му истекува договорот со тимот од Казахстан.

Исто така заинтересиран за неговите услуги е и тимот на Слован Братислава.

Тигран Барсегјан беше во Вардар во перидот од 2016 до 2018 година, и беше еден од заслужните за историскиот пласман на екипата во Лигата на Европа.

Тој е стандарден ерменски репрезентативец и се очекува да игра и против Македонија на 11. ноември.

Се вчитува...