Поранешниот капитен на Селта осуден за допирање на маскота

Поранешниот играч на Селта Виго, Уго Мало, конечно е осуден за сексуален напад врз жена облечена како маскота на Еспањол. Ова беше потврдено откако тој ја изгуби жалбата. На 34-годишниот играч му беше наредено да плати казна од околу 7.000 евра, како и 1.000 евра плус камата директно на жената.

Инцидентот се случил на 24 април 2019 година, пред почетокот на натпреварот на Селта со Еспањол. На натпреварот, Мало, тогашен капитен на Селта, го искористил моментот на традиционалното поздравување меѓу играчите на двата тима за да ја допре Карме Кома по градите. Таа работела како маскота на Еспањол , облечена во костим на папагал.

Во пресудата на судот се наведува дека Мајо дејствувал „со намера да го наруши сексуалниот интегритет на жртвата, ставајќи ги рацете под костимот и допирајќи ги нејзините гради“.

Овие факти беа наведени на 10 септември 2024 година од страна на Салвадор Роиг Техедор во првичната пресуда. Три месеци подоцна, пресудата беше потврдена од Осмиот совет на Покраинскиот суд во Барселона, а сега повторно се потврдува во сите точки, и покрај жалбите на одбраната на обвинетиот.

Се вчитува...