Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Блокотехна, Пелистер и Еуро Никел замина во пензија

Антон Казарновски стави крај на професионалната кариера на 38-годишна возраст. Рускиот интернационалец во богатата кариера која започна во Макаби Тел Авив во 2003 година, а продолжи со трансфери во над 20 клубови низ Европа настапуваше и во македонската најдобра кошаркарска лига и тоа во неколку сезони.

Дебито во Првата лига го имаше за Карпош Соколи во сезоната 2015/16, a низ годините ги бранеше и боите на Блокотехна, Пелистер и Еуро Никел.

„Крај на уште една одлична сезона и мои 20 години како професионален кошаркар. Сакам да се заблагодарам на сите мои тренери, доктори, сопственици на клубови, агенти и играчи и сите останати пријатели кои ги стекнав по пат. Без Вас ништо немаше да биде возможно… Ви благодарам на љубовта и поддршката. Тие моменти, сеќавања и прикази ќе ги ценам засекогаш“, објави Русинот на социјалните мрежи.

Се вчитува...