Поранешниот кошаркар на Кожув постави нов рекорд во силното „Биг 3“ првенство

Поранешниот кошаркар на Кожув и доскорешниот најдобар „3 на 3“ играч во светот, Душан Булут постави нов рекорд по бројот на асистенции во силото „Биг 3“ првенство каде настапуваат и поранешни НБА ѕвезди.

Србинот во поразот на својот тим од Пауер шест пати асистираше до своите соиграчи со што стигна во вкупно 36 асистенции во сезона. На тој начин го собори рекордот на Леандро Барбоса и се искачи на врвот на битката за титулата најдобар асистент.

Булут во просек постигнува 5.1 асистенција, а покрај тоа додава и 13.7 поени и 3.3 скока по меч со што го предводи тимот во кој се уште Карлис Ласманис, Дешон Стивенс, Томислав Ивошев и Адам Дракслер.

Се вчитува...