Фенербахче во драматичен финиш со поени буквално во последната секунда дојде до победа од 71-73 на гостувањето против Црвена Звезда во Белград во 18. коло од Евролигата.
Црвена Звезда беше пред победа, имаше и седум поени предност во последната четвртина, но дозволи турскиот тим во самиот финиш да ја анулира предноста и со поените на Лоренцо Браун во последната секунда да дојде до победа од 71-73.
LORENZO BROWN’UN GAME WINNERI??????
pic.twitter.com/tVyM2oR4Ea— BBO Basket (@BboBasket) January 7, 2021
Токму Браун со 13 поени и четири асистенции беше најдобриот поединец во редовите на Фенербахче, додека Џони О’Брајан со 17 поени и 10 скока беше најдобар поединец кај Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА