Поранешниот македонски репрезентативец остана без клуб

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски, остана без клуб откако се раздели со италијанскиот третолигаш Ливорно. На својот профил на „Фејсбук“, клубот објави дека се разделува со стоперот, кој се задржа во овој клуб само неколку месеци. Претходно беше дел од Авецано.

Дамчевски беше младински репрезентативец, а за А селекцијата на Македонија има одиграно четири натпревари. Последен меч му беше пред 10 години, кога играше против Украина во квалификациски натпревар.

32-годишниот висок стопер во минатото беше дел и од Партизани Тирана, Арарат Ерменија, Ермис, Мезоковешд, а играше и во Атирау, НАК Бреда, Черноморец Бургарс, Криенс.

Се вчитува...