Поранешниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор потпиша за руски Уникс Казањ. Теодор се одлучи да се раздели со турски Бешикташ и веднаш пронајде нов клуб.
Американецот се одлучи на разделба од Бешикташ поради неисплатени плати кои ќе ги бара преку арбитражната комисија на ФИБА.
Теодор треба да биде големо засилување за Уникс, кој се натпреварува во ВТБ-лигата и Еурокупот. Ова е прв негов клуб во Русија, а претходно настапуваше и за Мерсин, Анталија и Банвит во Турција, потоа за Олимпија Милано, АЕК и Скајлајнерс Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА