Партизан го претрпе и седмиот последователен пораз од вечниот ривал Црвена Звезда откако во драматична завршница загуби и во првиот финален натпревар во кошаркарското првенство на Србија.
Кошаркарите во „црно-бело“ наидоа на критики по новиот пораз, а еден од оние кои говореа за капитенот на Партизан, Кевин Пантер беше и поранешниот македонски репрезентативец, Ратко Варда кој настапи во „црвено-жолтиот“ дрес на турнир во Кина.
Варда кој во богатата кариера и самиот настапуваше за Партизан се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде објави „стори“ со стикер „Тебе животот ти даде се, а мене Кевин Пантер“ порачувајќи повеќе да не дава на тимот, туку да оди на друго место.
„Немој повеќе да ни даваш ништо… Дај му на некој друг малку“, стоеше во објавата на Варда.
Кевин Пантер претходното лето се наоѓаше пред излезните врати од српскиот клуб, но и покрај интересот на Панатинаикос и Барселона се реши за продолжување на соработката. Сепак оваа сезона не успеа да ја преслика блескавата форма од минатите години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА