Бајката на поранешниот македонски кошаркарски селектор Александар Џикиќ и неговиот Хапоел Ерусалим продолжи и на почетокот на оваа сезона во која српскиот стратег стигна до трофејот во Суперкупот на Израел славејќи во големото финале против евролигашот Макаби Тел Авив со 71-79.
Џикиќ и неговиот тим и оваа сезона ќе бидат главни конкуренти на „гордоста на Израел“ во домашното првенство, а Хапоел ќе забележи и настап во ФИБА Лигата на Шампиони.
בואו, עולים להניף pic.twitter.com/BGoeY3netH
— Hapoel Jerusalem BC (@JerusalemBasket) October 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

