Несогласувањата меѓу српскиот стручњак и Хапоел почнаа на крајот од минатата година кога Ѓикиќ одби да се врати со екипата во Израел и таму да го води Хапоел на натпреварите од домашното првенство. Сето тоа беше причини раководството на клубот да се раздели со него.
„Не се случува секој ден или секоја година, кошаркарски клуб да мора да се раздели со својот тренер од причини кои не се однесуваат на професионалноста. За жал, нам ни се случи. Хапоел и официјално го потврдува заминувањето на Александар Ѓикиќ поради лични проблеми, односно поради безбедносната ситуација во Израел. Џиле, ти благодариме за прекрасните 18 месеци во клубот“, соопшти Хапоел.
Но, само неколку минути откако Хапоел објави дека се раздели со Џикиќ, тој официјално е именуван за нов селектор на грузиската репрезентација. Тоа ќе биде негов прв ангажман како селектор по 2015 година кога го напушти националниот тим на Македонија. Ѓикиќ ќе ја води во Грузија во квалификациите за ЕП 2025 година каде за противник, меѓу другите, ќе ја има и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

