Поранешниот македонски селектор превзема тим од Израел

Еден од најдобрите селектори во историјата на македонската кошарка, Александар Ѓикиќ само четири дена по отказот во Будуќност најде нов ангажман и во следната сезона ќе го предводи Хапоел Ерусалим.

Ѓикиќ претходната сезона и покрај големиот проблем со повредите успеа да стигне до двојната круна во црногорското првенство, беше дел и од завршницата на АБА првенството и Топ 16 фазата од Еврокупот, но тоа не беше повод за клубот од главниот град на Црна Гора да ја продолжи соработката.

Информацијата ја објави супер-агентот Мишко Ражнатовиќ на својствен начин…

Се вчитува...