Поранешниот младински репрезентативец Асани со потпис за Гвангжу

Поранешниот младински репрезентативец Јасир Асани, во иднина ќе настапува во Јужна Кореја, во тимот на Гвангжу. Крилниот фудбалер се сели во Јужна Кореја, од тимот на шведски АИК, каде што настапуваше досега.

Во минатото Асани беше дел од Вардар, од каде потекнува, потоа играше во Партизани Тирана, па се пресели во Кишварда, за сега да замине на далечниот исток.

„Среќен сум за мојот прв предивик во Азија во Гвангжу. Се надевам на успех во новата сезона во најелитната лига во Јужна Кореја“, рече Асани.

Иако беше дел од младинската репрезентација на Македонија, Асани се реши сениорската да ја продолжи во дресот на Албанија. Но, сега сака да се премисли, но ФИФА најверојатно нема да му издаде спортски пасош за повторно да игра за Македонија. Селекторот Благоја Милевски пред неколку месеци истакна дека ќе се обиде да направи Асани повторно да игра за Македонија.

Се вчитува...