Поранешниот младински репрезентативец Боби Целески засилување за ФК Скопје (ФОТО)

Прволигашот од Автокоманда, ФК Скопје добива големо засилување со ангажманот на поранешниот младински репрезентативен голман Боби Целески.

24-годишниот Целески во редовите на Скопје доаѓа од албанскиот шампион Теута. Изминативе години со Теута стигна до дури четири трофеи, шампионската титула во Албанија, Купот на Албанија и во два наврати го освои и Суперкупот на оваа земја.

Боби Целески со скопјани потпиша договор до крајот на сезоната, до 15. јуни.

Еден од најталентираните македонски млади голмани претходно во својата кариера настапуваше и за Македонија ЃП на домашната фудбалска сцена, како и италијанскиот Гросето.

Во редовите на Скопје, за пролетниот дел од сезоната, се врати и крилниот напаѓач Изет Ајрулаху.

Се вчитува...