Поранешниот МВП во НБА лигата доби отказ!

Најкорисниот кошаркар во НБА во 2011 година, Дерик Роуз е отпуштен од Мемфис Гризлис, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.

35-годишниот Роуз пристигна во Мемфис во 2023 година. Тој му помогна на тимот во периодот кога Џа Морант беше казнет и имаше просек од 8 поени и 3,3 асистенции во 16 и пол минути по натпревар.

Роуз претходно играше за Чикаго Булс, Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс, Минесота Тимбервулвс и Детроит Пистонс.

Се вчитува...