Поранешниот победник на „Тур де Франс“, Велшанецот Џерент Томас ќе учествува на „Џиро д Италија“ следната година, објави велосипедистот на социјалните мрежи.
Томас, кој победи на трката околу Франција во 2018 година, се повлече од Џиро во 2020 година откако претрпе скршеница на колкот при лош пад. Три години претходно трката за него беше завршена откако го повреди рамото при судар со полициски мотоцикл.
„Да се вратиме на Џиро во 2023 година. Се надевам дека овојпат ќе ја завршам трката. Едвај чекам“, напиша тој на Твитер.
Трката околу Италија 2023 година ќе се одржи од 6. до 28. мај. Возачот на Инеос го освои третото место на Тур де Франс оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

