Поранешниот претседател на Јувентус доби нова казна

Екс претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е осуден од Италијанскиот национален федерален суд на шестнаесет месечна забрана за вршење на активности поврзани со фудбалот и парична казна од 60 илјади евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Казната ќе биде додадена и на двегодишната забрана што веќе ја доби поради манипулирање со капиталните добивки на Јувентус, платите во клубот и нерегуларниот односи со агенти и партнерскта во други клубови во периодот од 2019 до 2021 година со што истата се искачи на вкупна забрана од три години и четири месеци.

Ова е првостепената одлука и откако ќе излезе одлуката на судот, Ањели ќе може да ја обжали до Апелациониот суд.

Се вчитува...