Поранешниот претседател на шпанската федерација прогласен за виновен поради скандалозниот бакнеж

Врховниот суд на Шпанија го прогласи за виновен поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес. Тој се товари за сексуален напад, откако ја бакна фудбалерката Џени Хермосо без нејзина согласност на завршната церемонија на Светското првенство за жени во август 2023 година.

Рубиалес беше казнет парично со 10.000 евра, но беше ослободен од обвиниенијата за принуда.

Обвинителството побара затворска казна за Рубиалес. Токму поради овој случај, претседателот беше сменет, а тоа предизвика дебата во Шпанија за сексизмот и женскиот фудбал.

Исто така на Рубиалес му е забрането да и се доближува на Хермосо на 200 метри и да комуницира со неа.

Се вчитува...