Поранешниот селектор на Бразил ќе мора да паузира од фудбал

Поранешниот селектор на Бразил Тите објави дека паузира од тренерската работа за да се грижи за своето психичко и физичко здравје.

Како што објави неговиот менаџер Матеус Бачи, Тите (63) решил да одмори за да се посвети на подобрување на своето здравје, без да наведе какви проблеми има.

„Разбирам дека има моменти кога треба да сфатам дека, како човечко суштество, можам да бидам ранлив и признавам дека тоа сигурно ќе ме направи посилен. Тука сум за она што го правам и ќе продолжам да бидам тука, но откако разговарав со моето семејство и ги набљудував знаците што ми ги дава телото, решив дека е најдобро да се одморам од мојата кариера“, рече Тите. 

Тите беше селектор на Бразил од 2016 до 2022 година, а во 2019 година го освои јужноамериканскиот шампионат. Со Коринтијанс беше клупски шампион на Јужна Америка во 2012 година. Неговата последна работа беше во Фламенго минатата година.

Се вчитува...