Поранешниот тренер на бразилската фудбалска репрезентација Тите е назначен за нов тренер на Фламенго, соопшти клубот од Рио де Жанеиро.
Тите на клупата на Фламенго ќе го замени Аргентинецот Хорхе Сампаоли, кој пред две недели доби отказ по серијата лоши резултати.
„Имавме искрени, директни разговори и тие завршија на одличен начин“, изјави потпретседателот на Фламенго, Маркос Брас.
Тите беше без ангажман, бидејќи доби отказ во декември минатата година по елиминацијата на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Тој го водеше Бразил од 2016 до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

