Поранешниот селектор на Кина, Ли Те е осуден на 20 години затворска казна поради корупција, пренесоа кинеските медиуми.
47-годишниот Те, кој играше и во Премиерлигата во редовите на Англија, е прогласен за виновен бидејќи „ја искористил својата позиција како селектор на Кина за да прими мито во висина од седум милиони долари“, се наведува во пресудата на кинескиот суд.
Тој беше селектор на фудбалската репрезентација на Кина од јануари 2020 година до декември 2021 година.
Исто така е обвинет и за примање мито во период од 2015 до 2019 година кога водел локални фудбалски клубови. Самиот Ли Те ја признал вината за мито и корупција во март оваа година.
Ова е уште еден во низата корупциски скандали во Кина, откако во март и поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Кина, Чен Шујан беше осуден на доживотен затвор поради примање мито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА