Поранешниот селектор на Македонија ја презема Србија

Поранешниот стратег на Вардар, а подоцна и селектор на Македонија кој помина пет години во нашата држава, Раул Гонзалез ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Србија, објавија медиумите кај нашиот северен сосед.

Шпанскиот стратег веќе имал состанок и успешни разговори со раководството на ракометната репрезетнација на Србија, но нема веднаш да го превземе селекторското место, туку ќе и се приклучи на Србија во 2025 година.

Причина за тоа е барањето на Србите новиот стратег да биде целосно посветен на репрезентацијата и да нема клупски ангажман. Договорот на Гонзалез со ПСЖ чиј дел е од 2018 година истекува во 2025 година.

Се вчитува...