Поранешниот предводник на српската фудбалска репрезентација, Младен Крстаиќ во интервју за медиумите од Србија истакна дека е огорчен околу реакцијата на јавноста по негативните резултати на спортистите, а притоа истакна дека многу добар пример може да се види во Хрватска.
„Поразите во спортот се нормални, а ние сите на тоа гледаме трагично и негативно. За жал немаме единство и тоа ми пречи. Погледнете Хрватите каква поддршка имаа нивните ракометари. Србите тоа го немаат“, изјави Крстаиќ.
Крстаиќ беше на чело на репрезентацијата на Србија од 2017 до 2019 година, а нашиот северен сосед го водеше на Светското првенство во Русија во 2018 година во која Србите настапот го завршија во групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА