Ламине Диак, поранешниот претседател на ИААФ, доби четиргодишна затворска казна откако доби осудителна пресуда за обвинувањата за корупција и за перење пари. 87-годишниот Сенегалец е поврзуван со големиот допинг скандал во Русија. Обвинувањата за него се дека земал мито и од спортисти на кои им ги прикривал резултатите за и натаму да можат да се натпреваруваат.
Според пресудата тој треба да оди две години во затвор, останатите две му се условни. Диак и неговиот адвокатски тим најавија жалба на пресудата која ја нарекоа „нефер и нехумана“. Покрај затворската казна во пресудата му е одредена и максималната парична казна од половина милион евра.
Диак четири години беше под истрага на француските власти. Во објавувањето на пресудата судијата рече дека „неговите постапки ги поткопале вредностите на атлетиката и на нејзината битка против допингот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА