Макс Ферстапен ја прекина доминацијата на Луис Хамилтон и Мерцедес откако славеше на ГН на Абу Даби во луда завршница која долго ќе се памети. Мерцедес по поразот испрати две жалби, едната за наводно претекнување на Холанѓанецот додека сигурносното возило беше на стазата, а другата за дозволата заостанатите возила да го преминат истото, но двете беа експресно одбиени.
Мерцедес испрати и трета жалба за која коментар имаше и поранешниот шеф на Форума 1, Берни Еклстон кој го критикуваше британскиот тим.
„На Луис Хамилтон не му е украдено светското првенство во Форума 1, а Мерцедес ќе изгледа како лош губитник доколку повторно се жали на успехот на Макс Ферстапен. Тоа е голема глупост. Мислам дека тоа е најлошата работа која можат да ја направат“, изјави Еклстон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА