Ецио Симонели е нов претседател на Серија А, наследувајќи го на оваа функција Лоренцо Казини.
Симонели доби 14 гласови во вториот круг од класањето за нов прв човек на Серија А, што беше ссема доволно да дојде до претседателската функција.
Новиот шеф на Серија А е поранешен сметководител на славниот Силвио Берлускони, кој почина во јуни минатата година, а работел и како новинар во една од ТВ-куќите на поранешниот сопственик на Милан и некогашен премиер на Италија.
И претходно имаше обиди да стане прв човек на една од водечките две лиги во Италија, но во 2013 и во 2021 година ги загуби изборите за претседател на Серија Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА