Поранешниот соиграч на Перо Антиќ го има најдоброто додавање на сезоната во НБА (ВИДЕО)

Бостон е чекор поблику до титула во НБА лигата откако во првиот финален натпревар во „ТД Гарден“ го прегази Голден Стејт во предност од 2-1 во серијата. „Зелените“ одиграа одличен меч во кој во поголемиот дел имаа и двоцифрена предност и речиси во ниеден момент не им дадоа шанса на гостите од Калифорнија да се надеваат на победа.

Натпреварот го отсликаа атрактивни потези, а најубавиот од нив му припадна на поранешниот соиграч на Перо Антиќ, Ал Хорфорд. Центарот во третата четвртина имаше НФЛ додавање од аут линијата, а во стилот на Том Брејди топката заврши точно во рацете на Џејлен Браун кој знаеше да го искористи „подарокот“.

 

Се вчитува...