Газда за пример: Поранешниот сопственик на Феникс ќе им подели 5 милиони долари на вработените

Поранешниот сопственик на НБА франшизата на Феникс Санс, Роберт Сервер, ќе подели најмалку 5 милиони долари во бонуси на вработените и ќе донира уште 5 милиони долари во добротворни цели по продажбата на тимот, објави „ЕСПН“.

Сервер ќе подели поединечни бонуси од 20.000 долари на 250 до 300 вработени во Санс, а уште пет милиони долари ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Сарвер ја продаде својата 37 отстотна сопственост на Санс и Феникс Меркјури од ВНБА за 1,48 милијарди долари на Мат Ишбија, а продажбата беше финализирана минатата недела. Продажбата го заврши мандатот на Сервер со Санс, кој траеше од 2004 година.

Вработените кои ги исполнуваат условите беа известени преку е-пошта дека ќе го добијат бонусот на нивната следна плата. НБА го суспендираше Сервер на една година и го казни со 10 милиони долари по независна истрага за наводите дека создал токсична работна средина во Феникс.

Се вчитува...