Поранешниот спортски директор на Наполи: Модриќ е мојата најголема грешка

Фудбалерот на Милан, Лука Модриќ е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Ја освои Лигата на шампионите шест пати, беше избран за најдобар играч во светот, но сепак го промени местото на живеење ова лето и го напушти својот Мадрид за Милано, каде што се адаптираше многу брзо и покажува класа од викенд до викенд.

Со овие настапи старата рана на поранешниот директор на Наполи, Пјерпаоло Марино уште повеќе се отвори, и тој длабоко жали што не успеа да го донесе Хрватот во моментите кога го забележал неговиот голем талент.

Во интервју за „Ла Стампа“ кажа дека бил на чекор до доведување на Лука Модриќ, уште кога бил член на Динамо. Марино беше во Наполи од 2004 до 2009 година, и го видел „случајно“ во клубот од Загреб, и се обидел да го доведе.

„Лука беше непознат и ја почнуваше својата кариера. Сакав да го доведам во Наполи, но бирократските проблеми го спречија трансферот“, изјави Марино.

Овој спортски директор беше „виновен“ за доведување на Марек Хамшик во дресот на „наполитанците“, и го нарече ангажирањето „момент на инспирација“. Словакот остави голема трага во Неапол, но Марино отворено жали за пропуштената шанса да го донесе Модриќ.

Се вчитува...