Поранешниот спортски директор на репрезентацијата Данчо Масев призна вина

Денеска во кривичниот суд во Скопје, почна судењето против организираната група за набавка и продажба на дрога, а во случајот е инволвиран и Данчо Масев, поранешниот македонски репрезентативец и доскорашен спортски директор на репрезентација. Масев денеска на обвинителна клупа призна вина за делото за кое е обвинет, пишува „Слободен печат“.

Според обвинението, добро организираната група, со јавно дефинирани улоги, набавувала и продавала дрога. Дрогата се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.

Обвинителството за организиран криминал поднесе обвиниение против вкупно 10 лица, а првично беа опфатени 16 лица. Од нив седум склучиле спогодби, и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Масев заврши во притвор во март, кога беше актуелен директор на А репрезентацијата. Тој веднаш беше разрешен од функцијата од страна на федерацијата. За Масев судот доенсе решение за раздвојување на постапката, и во следното рочиште ќе му биде изречена казната која ќе ја одреди Судот.

Се вчитува...