Поранешниот телохранител на славниот фудбалер Кристијано Ронладо, Хикмен Букари откри детали за соработката со португалската супер ѕвезда која траеше цели четири години.
Букари кој е воен платеник и стучно лице на лична безбедност покрај Роналдо го чуваше и неговото семејство. Во интервју за „Telecinco“ откри и дека за вршење на работата заработувал по 1000 евра дневно.
„Нашата работа зависи од профилот на клиентот. Во случајот на Кристијано Роналдо не беше тешко бидејќи никој не сакаше да го убие и не добиваше смртни закани, барем додека јас работев за него четири години. Му се закануваа во главно навивачи и луѓе кои сакаа да го ограбат.
Роналдо ми беше најдобриот газда. Се уште сме во добри односи. Со него не беше како со некој кој сакаа да го убијат или киднапираат. Имавме само неколку глупави инциденти со папаризи и луди навивачи, но ништо сериозно“, изјави Букари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

