Срѓан Благојевиќ, до неодамна тренер на Партизан, би можел да одлучи да го тужи поранешниот клуб. Како што дознава српски „Меридијан Спорт“, српскиот стручњак би можел да се одлучи за таков потег откако неговиот договор во Хумска беше еднострано раскинат.
Благојевиќ беше отпуштен во ноември по предлог на Предраг Мијатовиќ, а веста за потенцијалната тужба сугерира дека не му се допаднал таквиот потег од страна на раководството. На негово место дојде Ненад Стојаковиќ, кој успеа да ја освои „есенската титула“.
Новиот проблем е само еден од оние со кои се соочуваат челниците на црно-белите, во пресрет на преодниот рок кој во голема мера би можел да одреди дали ќе можат да ја задржат лидерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

