Поранешниот тренер на Адеми и Барди го презеде Унион Берлин

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин има нов тренер откако клубот денеска го промовираше Ненад Бјелица. Бјелица се раздели со тимот на Трабзонспор и беше без работа во изминатиот месец, но брзо најде нова средина.

Унион Берлин се раздели со Урс Фишер по серијата слаби резултати во Бундеслигата и Лигата на шампионите, тимот кој лани беше меѓу четирите најдобри сега се бори за опстанок.

Бјелиќ ќе се обиде да го зачува статусот Бундеслигаш за тимот од главниот град на Германија, како и да се пласира во Лига Европа. Бјелица во Динамо Загреб соработуваше со Аријан Адеми, додека во Трабзонспор го водеше Енис Барди.

Се вчитува...