Поранешниот тренер на Челси обвинет за сексуално вознемирување

Израелскиот тренер Аврам Грант е обвинет за сексуално вознемирување на неколку жени после прикажување на емисија на израелска телевизија, во која е прикажана низа на интервјуа со жени кои изјавиле дека екс предводникот на Челси ги напаѓал, и им ветувал дека ќе им помогне во напредок во кариерата.

Најмалку шест жени го обвиниле 66-годишниот Грант дека се обидел да ги допре и да води љубов со нив против нивната волја и пробувал да ги натера на сексуален однос. Меѓу жртвите била и поранешна членка на војската, манекенка и спортска коментаторка, на кои им праќал вознемирувачки СМС пораки.

„Ми рече да се раскомотам, да се соблечам. Мислев дека се шегува. Седев далеку од него, а потоа бараше да дојдам поблиску. Се обиде да ме прегрне, силно ме фати и не ме пушташе“, рече една од жртвите.

Со Грант наводно се нашла во 2020 година. Ја повикал во неговиот стан и и рекол дека ќе и помогне за наоѓање на работа.

„Ми беше многу незгодно кога ги стави рацете на мојата половина, се сеќавам веднаш му ги тргнав. Но неколку секунди подоцна ме грабна за врат како да ме гуши, на сила ми ја туркаше главата за се обиде да ме бакне. Немав храброст да му кажам не“.

Грант ги демантираше обвинувањата, но се извини.

„Никогаш не се однесував неправедно или на било кој начин сум сакал да повредам жена. Искрено се извинувам на сите кои се чувствувале незгодно поради мене или ако сум ги повредил“, изјави израелскиот тренер.

Во својата кариера покрај Челси, ги водеше и Портсмут, Вест Хем, репрезнтациите на Израел и на Гана, а во 2012 година беше кратко и во Партизан.

Се вчитува...