Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Ненад Бјелица на гостување во хрватски медиум, зборуваше за неговото време во таборот на „модрите“, кога им беше тренер на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски.
Бјелица кажа дека неколку играчи биле вистински „мангупи“ и дека тие го носеле клубот кон успесите кои биле во таа сезона.
„Тие момци го доведоа Динамо во Лигата на шампионите, му донесоа на клубот 40 милиони евра, плус продадоа играч за 30 милиони евра. Според мене заслужуваат секаква почит. Тие го сакаат Динамо, Петковиќ, Теофил, Ристовски, Адеми… Моментално нема такви лидери во Динамо. Во денешниот фудбал наоѓањето на лидер е многу тешко. Занете, оваа генерација е „мека“. Момци како Манџукиќ, Вида… тоа се „бандитите“, Тие „мангупи“ го држеа Динамо и кога бев јас таму и сите тренери со мене“, изјави Бјелица, пренесува Т-Портал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

